ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „ДИЈАБЕТЕСОТ И ЈАС“ ВО САБОТА ВО ГЕВГЕЛИЈА

На ден 2 јули, 2022 година (сабота) во просториите на Пионерски дом Гевгелија со почеток од 10:30 часот ќе биде одржана Работилница „Дијабетесот и јас“ на Здружението на граѓани со дијабетес за општините Гевгелија, Богданци и Дојран. На работилницата ќе се обрати претседателот на СЗДСМ, г-дин Диме Велев, ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу Здружението на граѓани за дијабетес од Гевгелија, Богданци и Дојран и ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија. Исто така на присутните ќе им биде измерено присуството на шеќер во крвта.
 
Здружението на граѓани со дијабетес за општините Гевгелија, Богданци и Дојран е пациентско здружение на лица со дијабетес кое ги застапува нивните права и интереси, и работи на унапредување и подобрување на животот на лицата со дијабетес. Дијабетесот за жал е состојба која е во подем како во светски, така и во локални рамки, па, достапната терапија, советите за животниот стил и едукациите се од голема важност за секое лице и неговата приказна со дијабетсот. Како пациентско здружение една од главните цели е континуираната едукација за потребите на лица со дијабетес, нивните блиски и семејства, како и едукација на општата популација со цел превенција и подобро справување со дијабетесот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *