ФАМИЛИЈАТА „МЕТАЛКОВЦИ ОД НУ ФИЛХАРМОНИЈА ОДРЖА ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ГЕВГЕЛИСКИТЕ ОСНОВЦИ

Вчера, вторник, 4 април, во ЈОУ Дом на култура “Македонија”, фамилијата „Металковци“ од НУ Филхармонија одржаа едукативна работилница за децата од основните училишта.
Фамилија Металковци е интерактивна работилница за најмладите со која децата се запознаваат со музичките и техничките карактеристики на лимените дувачки инструменти. Концептот на оваа работилница вклучува музички перформанс и изведба на познати композиции од дизниевите цртани филмови како и презентирање на лимените дувачки инструменти и интеракција со публиката со цел доближување на лимените дувачкии нструменти до младите што ќе овозможи нивна едукација и зголемување на интересот на изучување на овие инструменти.
 
Покрај композициите кои составот ги свири во текот на оваа работилница, секој член при претставувањето на својот инструмент изведува кратки делови од најпознатите класични соло и оркестарски делници, како и мелодии од различни музички стилови (џез, народна музика, филмска музика и сл.) за да се прикаже звучната слика за инструментот и различните музички стилови кои можат да бида тизведени на овие инструменти.
На програма беа застапени: Trumpet voluntary – J. Clarke,You got a friend in me – R. Newman, Химна на Македонија, Bear necessities – B. Reitherman и HakunaMatata – E. John

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *