ФОНДАЦИЈАТА „ИЦЕ БЕГОВ“ НА ДЕЦАТА КОИ ГО ПОСЕТУВААТ КУРСОТ ЗА УЧЕЊЕ ГИТАРА ИМ ДОНИРАШЕ ТРИ ГИТАРИ И ДВЕ ПОЈАЧАЛА.

Како што веќе информиравме, од месец февруари во просториите на Народниот театар во Гевгелија се одвива Курс на часови за свирење на гитара и бас гитара. Иницијативата за овој курс е на Општина Гевгелија а децата ги воведува во тајните на свирењето на гитара Костадин Динев, басистот на групата Зијан.
Над дваесеттина момчиња и девојчиња од 9 до 15 години, неколку пати во неделата вредно ги учат првите акорди, под будното око на нивниот учител, и секој ден во секој поглед се повеќе напредуваат.
Вчера беше мошне весело во просторијата каде вежбаат идните гитаристи, бидејќи на гости им дојдоа членовите на Фондацијата „Ице Бегов“. Тие, при тоа на децата им донираа три гитари и две појачала, кои добро ќе послужат за сите оние млади од Гевгелија кои сакаат да научат да свират на гитара, а немаат можности да го купат овој инструмент.
Како благодарност, учениците заедно со својот професор пред гостите го имаа првиот нивен јавен настап, свирејќи ги рок класиците „Smoke on the water“ и „Sweet home Alabama„
Инаку, Фондацијата ИЦЕ БЕГОВ во Скопје е основана со цел вршење хуманитарни активности, поддршка и помош преку собирање средства и нивно насочување кон социјално загрозени категории лица и семејства, маргинализирана група граѓани, ранл
ИЦЕ БЕГОВ е роден на 28.07.1995 година во Гевгелија. Детството и школувањето го помина во Скопје. Неговата личност и карактер е синоним за вистински пријател, брат, верен другар, со чиста љубов која ја ширеше кај секого ива категорија граѓани, како и лица со попреченост. Темпераментноста беше негова препознатлива карактеристика, а особено неговиот афинитет кон повеќе професии, меѓу кои: музиката, ветеринарството, занаетчиството особено кон неговата омилена професија електроинсталатер.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *