ГЕРМАНИЈА ПОБЕДНИК НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО МЕЧ ПОКЕР ВО ГЕВГЕЛИЈА

Со свечена церемонија на прогласувањето на најдобрите репрезентации, синоќа во хотелот „Аполонија“ заврши Петтото Светско првенство во Меч Покер, на кое учество зедоа 14 репрезентации, Македонија, Естонија, Германија, Исланд, Индија, Израел, Италија, Казакстан, Литванија, Монголија, Сингапур, Швајцарија, Австрија и Украина.
 
Во една изедначена битка до последната игра, репрезентацијата на Германија со 1110 поени го освои златниот медал, Израел беше втор со 1079 а на третото место завршија репрезентативците на Казакстан освојувајќи 1061 поени.
За најдобар играч на првенството беше прогласен играчот на Израел, Сташ Тишкевич.
 
Се чини репрезентативците на Македонија, која за прв пат учествуваше на едно Светско првенство, како да беа импресионирани од тоа што се најдоа во една ваква конкуренција на најдобрите меч покер нации, не одиграа во рамките на своите можности, иако после првите три круга беа дури и на првото место, и за жал останаа без пласман меѓу првите шест тима. Сепак, ова е едно големо искуство за нашиот тим, за кој, веруваме дека во иднина ќе постигнува многу подобри резултати.
 
Капитенот на Германската репрезентација Каи Ричи изјави дека се пресреќни, и изненадени, затоа што не се надевале дека на крајот ќе бидат први, бидејќи пред започнувањето на последната игра се наоѓале на третото место.
 
Претседателот на Меѓународната покер федерација, Патрик Нили, затворајќи го првенството, се заблагодари на домаќинот, хотелот „Аполонија“, на Општина Гевгелија и на Македонската покер федерација, за перфектната организација на ова Светско првенство, за кое кажа дека е „едно од најдобрите организирани првенства на кои имал можност да присуствува“.
 
Тој ни откри ексклузивно дека во скора иднина, Гевгелија повторно ќе биде домаќин на еден голем настан кој се подготвува, а тоа е Регионалниот, односно шампионат на Балканските земји во меч покер.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *