ГЕВГЕЛИЧАНИТЕ ЗАФИРОВА МАРТИНА, УЗУНОВ ПЕТАР, СТАМКОВ ИГОР, ЌУРКЧИЕВА ИВАНА, БОЈКОВА ЗОРИЦА И КАРКАЛАШЕВА МАРИЈА КАКО ДЕЛ НА АКУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ОСВОИЈА ЗЛАТЕН МЕДАЛ

Од 18 до 21 јули 2024 година се одржа 13-то издание на World Peace Choral Festival во Виена. На овој престижен музички натпревар настапија 42 младински и возрасни хорови од 16 земји, меѓу кои, за прв пат АКУД „Мирче Ацев“ ја претставуваше Македдонија. Од таму хорот се врати со две награди, Златен медал за најдобар хор под диригентство на Јасмина Каро и награда за најдобра интерпретација на композиција од периодот на класицизмот.
 
Овој академски хор, кој оваа година прославува 75 години постоење имаше седум настапи во најпознатирте зданија во Виена, за да последниот настап го имаа во славната Музикферајн, златната сала каде што секој 1 јануари се свири познатиот Виенски концерт. Насекаде, вели диригентката Каро, каде настапувавме бевме наградувани со најсилен аплауз за изведба на нашите композиции , задолжително дело, дело по слободен избор, дело со џез аранжман или класично современо дело од 21 век.
 
Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ е формирано во текот на 1949 година, со одлука на Универзитетскиот одбор на Студентската младина на Македонија. Во досегашното, 75-годишно постоење, членувале над 7.000 членови, изведени се повеќе од 5.000 концерти, а настапите ги следела публика од над 5.000.000 луѓе.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *