„ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ“ ЗЕДЕ УЧЕСТВО НА 10-ОТ ФЕСТИВАЛ „АЗОТ МТБ ПРЕДИЗВИК 2024“

Во организација на Здружението за планински велосипедизам „ВЕЛЕС БАЈКИНГ“, викендов во регионот на АЗОТ се одржа јубилејното 10-то издание на најголемиот Македонски outdoor festival „АЗОТ мтб Предизвик 2024“.
На овој фестивал на планински велосипедизам, планинарење, планинско трчање, прикажување филмови, едукација и програма за млади, учествуваа над 350 учесници од повеќе градови од Македонија, меѓу кои и седуммина членови на „Гевгелија точак клуб“
 
Богомила и регионот АЗОТ ги пречека учесниците со сета своја природна убавина. Единствена прилика да се вдише духот на Богомилите, да се сликате на Римскиот мост во Богомила, да возите низ преубавите села Папрадиште, Нежилово, Црешнево.. да пиете чај на трева пред планинарскиот дом во Чеплес, да вкусите каша од домашен вргањ во Бистрица, неколку водопади долж патеката, поглед од милион долари кон Солунска глава…

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *