ГЕВГЕЛИСКИОТ МОТОЦИКЛИСТ, АНДРЕЈ МИЛКОВСКИ ГО ОСВОИ ТРЕТОТО МЕСТО НА ПРВАТА ТРКА НА ЕНДУРО ШАМПИОНАТОТ НА МАКЕДОНИЈА

Изминатиот викенд, во организација на Мото клубот „МОТОВЕЛЕС“, на познатата локација Ендуро полигон на Мото клубот „МОТОВЕЛЕС“, на ридовите на Езеро Млaдост, по 12 пат се одржа Ендуро трка од државниот шампионат во Ендуро за 2022 година.
На трката се натпреваруваа 35 мотоциклисти од целата држава во Е1, Е2, Е3 класа, а за прв пат се воведе и класата Е јуниор до 23 години.
 
Гевгелискиот мотоциклист, Андреј Милковски, кој настапува за „Ендуро тим Водно“, на овој шампионат го освои третото место. Андреј ќе го освоеше првото место, како и минатата година, бидејќи беше во водство до пред самиот крај, но само затоа што покажа голема хуманост, застанувајќи да види во каква состојба е неговиот клубски колега кој падна на патеката, беше казнет со 5 минути. Големо браво за неговата хуманост.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *