ГЕВГЕЛИСКИТЕ АТЛЕТИЧАРИ ПРОДОЛЖУВААТ СО УСПЕШНИ НАСТАПИ

Денес, 2 април во Верија, Република Грција се одржа 5-та Меморијална атлетска трка„5-та улица на 21 студент“ Екипата на АК „7-ми Ноември, на трката на 10,4 километри настапи со 6 атлетичари и постигнаа добри резултати. 

Така, Насе Епов го освои второто место, Ристо Чалков беше трет, Влатко Семенаков го освои петтото место, Никола Ковачев единаесетти, Дарко Прошевски се пласираше на четириесеттото место, додека Игор Коцевски заврши на деведесет и четвртото место од 216 учесници.. 

Организатор на оваа трка беше Културното друштво на Макрохори Иматија „ ПСИФИДОТО “ во соработка со Спортското одделение на Општина Верија

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *