ГЕВГЕЛИСКИТЕ ШАХИСТИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА СИЛНИОТ ТУРНИР ВО ЗАБРЗАН ШАХ,„ВАВИЛОН ОПЕН“ ВО БИТОЛА

Шаховскиот клуб ШАХ-ШЕХ од Битола на 15.10 2023 година(недела), го организира традиционалниот турнир во забрзан шах ШАХ-ШЕХ„ Вавилон open“ На овој турнир ќе учествуваат и 15 шахисти од гевгелискиот шаховски клуб „7. Ноември“,Тодор Андонов, Благојче Најдески, Слободан Дачев, Перо Димов, Борче Танчев, Славчо Кочев, Дуле Андонов, Трајче Атанасов, Давид Атанасов, Илија Велков, Јосиф Зоев, Ефе Ибраимов, Ристо Хаџиниколов, Ванчо Трајков и Борис Јованџиков.
 
На турнирот ќе учествуваат шахисти од речиси сите градови и клубови во Македонија, но и шахисти од другите балкански држави. Турнирот е со висок рејтинг. Ќе се игра според правилата на FIDE во девет кола со темпо на играње од 10 минути со додаток од 5 секунди за секој потег. За шаховскиот турнир, најавија учество и шахисти со висок рејтинг и меѓународни титули. Учествуваат велемајстори, интернационални и FIDE мајстори и други одлични шахисти. Од страна на организаторите се најавува и пригодна презентација на активностите на клубот, но и промоција на шаховска химна.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *