ГРСТ НАГРАДИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“:

АНА ДИМИТРОВА, ФЛЕЈТА, ОСВОИ ПРВО МЕСТО НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ДОДЕКА БЛАГОЈА СТОЕВ, ПИЈАНО, ВТОР НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „СЕРГЕЈ МИХАЈЛОВ“. ТРЕТО МЕСТО ЗА ИЛИЈА ДИМОВ,ЈОВАНА КОЧЕВА, МАТЕА ТУНЏЕВА, ВИКТОРИЈА КАРАКАБАКОВА И ДАРКО ЃУРОВСКИ, ПОФАЛНИЦА ЗА АНДРЕЈ ДАНИЛОВ.
 
Ученици од ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“, уште еднаш докажаа дека вредно, заедно со своите професори, ги совладуваат тајните на музицирањето на пијано, флејта, виолина и кларинет заедно со своите професори
 
Од Државниот натпревар за млади музичари и Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер ,,Сергеј Михајлов”со награди и пофалници се вратија :
 
АНА ДИМИТРОВА – флејта I место на Државен натпревар, БЛАГОЈА СТОЕВ – II награда на Меѓународен натпревар ,, Сергеј Михајлов”, пофалница на Државен натпревар
(класа проф. Александар Лазаров), БЛАГОЈА СТОЕВ – солфеж, пофалница на Државен натпревар
(проф. Зоран Гогов), ИЛИЈА ДИМОВ – III награда на Државен натпревар
(класа проф. Влатко Сапламаев) , ЈОВАНА КОЧЕВА – III награда на Државен натпревар
(класа проф. Соња Панова), МАТЕА ТУНЏЕВА – III награда на Државен натпревар
(класа проф. Маја Зафирова), ВИКТОРИЈА КАРАКАБАКОВА – III награда на Државен натпревар
(класа проф. Маја Зафирова), ДАРКО ЃУРОВСКИ – III награда кларинет, на Државен натпревар (класа проф. Костадин Издушнов), АНДРЕЈ ДАНИЛОВ – пофалница кларинет, на Државен натпревар (класа проф. Костадин Издушнов)
 
Од училиштето ја потенцираат соработката и моралната поддршка на нивниот музички соработник проф. Соња Јованова. и родителот Даниела Данилова за нејзината поддршка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *