И ПОЖАРНИКАРИТЕ СО СВОИ БАРАЊА ДО ВЛАДАТА И ДО ЦУК

Централизирање на единиците за противпожарна заштита , регулирање на платите со иста вредност и висина на бодовите, целосно почитување на одлуката на Владата за исплата по 60 илјади денари на пожарникарите превземени од МВР и измени на Законот за пожарникарство во делот за пензионирањето.
Ова се барањата кои Независниот синдикат на државната администрација , во кој членува и Синдикатот на пожарникари на Македонија ги упатил до претставниците на Владата и Центарот за управување со кризи.
На вчерашната средбата со советникот за одбрана на премиерот, пожарникарите побарале целосно да се почитува одлуката донесена од претседателот на техничката Влада, Оливер Спасовски, каде стои дека за секој припадник на територијална противпожарна единица (ТППЕ) преземен од МВР да биде обесштетен со 60 илјади денари.
Но, доколку барањата не се реализираат во скоро време , од Синдикатот најавија протести.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *