ИЗЛОЖБА НА РАСНИ КУЧИЊА „ГЕВГЕЛИЈА 2022“

На терените на Негорски Бањи во близина на Гевгелија денеска и утре, 4 и 5 јуни 2022 година се одржува меѓународна изложба на кучиња од сите раси „Гран при Гевгелија 2022“ , две изложби на ЦАЦИБ, кои ги организира кинолошкото друштво „Кожуф“.
 
Според организаторот, оваа година на изложбата учествуваат претставници од десеттина земји од Европа, и тоа од Полска, Украина, Чешка, Бугарија, Србија, Грција, Романија, Хрватска, БИХ, Германија. Тие со своите над 300 четириножни миленичиња ќе се борат за престижните награди и признанија.
 
Учесниците и посетителите на традиционалната ревија на расни кучиња ги поздрави градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Тој откако изрази задоволство од организацијата, атмосферата и амбиентот на терените на Негорски Бањи, истакна:
 
„Во мое име и во име на сите граѓани на Општина Гевгелија, најпрво да ви посакам на сите вас, учесници, посетители, и судии, срдечно добредојде во Гевгелија, на оваа традиционална меѓународна изложба на кучиња од сите раси Гран при Гевгелија 2022, Особено ме радува што на изложбата на расни кучиња се присутни поголем број гости од земјава и од странство затоа што тоа придонесува во промовирањето на општина Гевгелија и нејзините можности за развој на туризмот. Гевгелија е позната по пријатната клима, прекрасната храна и гостопримството за што се надеваме дека ќе се уверите овие два дена. Им посакувам на сите посетители на овие две изложби да се чувствуваат пријатно во нашиот град, а на натпреварувачите со своите четириножни миленичиња кои ќе се борат за престижните награди и признанија многу успех во натпреварувањето“.
 
Инаку,на оваа изложба која веќе десеттина година се одржува во нашиот град, оценувањето на расните кучиња го вршат интернационални судии од Македонија, Србија, Италија, Грција, Полска, Јужна Африка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *