ИЗЛОЖБА ПОД ВЕДРО НЕБО „МАНАСТИРИТЕ И ЦРКВИТЕ ВО ГЕВГЕЛИСКО – СТАРА ГЕВГЕЛИЈА“ ВО ЧЕСТ НА СПАСОВДЕН

Вечерва, 1 јуни, со почеток од 21.00 часот, пред платото на Народниот театар граѓаните ќе имаат можност да ја проследат изложбата МАНАСТИРИТЕ И ЦРКВИТЕ ВО ГЕВГЕЛИСКО (СТАРА ГЕВГЕЛИЈА) по повод празникот Вознесение Христово – Спасовден.
 
Ќе може да се погледнат фотографии од неколку цркви и манастири заедно со облековната култура на овој регион. Исто така ќе може да се проследат и фотографии од неколку локации во градот, станува збор за стара архаична градска архитектура на заштитени споменици, исто така во придружба на облековна култура од периодот на Ала франга. 

Покрај фотографиите, ќе биде промовиран и видео материјал од целиот процес на изработка на проектот. Изложбата е во продукција на Дом на култура „Македонија“, во соработка со Ансамбл Македонија, а под покровителство на Општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *