ИЗЛОЖБАТА „ЛИЦА НА РЕВОЛУЦИЈАТА“ ПРЕД ГЕВГЕЛИСКАТА ПУБЛИКА

Изложбата„Лица на револуцијата: Внатрешната Македонска Револуционерна Организација низ фотографии, 1893 – 1934“, на досега необјавени портрети на македонски револуционери, од авторите – колекционери Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски ќе биде премиерно прикажана пред гевгелиската публика. Изложбата ќе биде отворена во Домот на културата во Гевгелија, на 16 октомври (понеделник) со почеток во 19.30 часот.

Во основата на оваа изложба лежи еднацела ризница на ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на една цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски.Изложбата прикажува внимателно селектирани и врамени 40 фотографии, кои ги доловуваат лицата и приказните на дел од македонските револуционери кои одиграле клучна улога во обликувањето на македонското револуционерно движење. Од предилинденскиот период, преку Илинденското востание, до постстилинденската ера (1893-1903-1934), овие фотографии ги оживуваат личностите и историските настани кои ја дефинираат македонската борба за слобода.

Изложбата „Лицата на револуцијата“одбележува три значајни јубилеи, од кои секој е клучен и значаен за македонското ослободително движење: 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната Македонската Револуционерна Организација.
Она што е особено впечатливо е што приближно 90% од изложениот фотографски материјал за првпат се открива на јавноста преку оваа изложба. Тоа не е само можност за научниците и историчарите да го прошират своето знаење, туку и шанса за пошироката македонска јавност да се поврзе со минатото на својотнарод на еден длабок, личен и емотивен начин.
 
Освен портрети на револуционерни икони како Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Христо Батанџиев, Христо Чернопеев итн., изложбата содржи и фотографии кои го документираат учеството на македонските револуционери во Балканските војни 1912/13, Првата светска војна 1915/18, како и портрети од меѓувоениот период.
Изложбата „Лица на револуцијата“ ќе патува низ повеќе македонски градови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *