ИЗЛОЖБАТА НА ФОТОГРАФИИ „ЗИМА-ПТИЦИ-ПТИЧАРИ“ СТИГНА И ВО ГЕВГЕЛИЈА

По фантастичната посетеност и успех на оваа изложба која беше организирана од Македонското еколошко друштво во Скопје, одлучено е дека истата заслужува да се прошета и низ други градови.
 
Овој викенд, на 7 и 8 април, патот ја наведе изложбата на југот од Македонија, во нашата Гевгелија! Во организација на НУ Музеј Гевгелија, во просториите на Уметничката галерија “Амам”беше отворена Изложба на фотографии, „Зима-Птици-Птичари“ со која оваа пролет, Македонското еколошко друштво ги потсетува љубителите на шармот на зимата, но на еден поинаков начин. 

Се работи за изложба на фотографии направени за време на среднозимски цензус на птици од водните површини низ Македонија.
Оваа научна и граѓанска активност Македонското еколошко друштво ја спроведува веќе 14 години.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *