ЈАВЕН ПРОТЕСТ НА „СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ“ ОД БИТОЛА ПОРАДИ ОТВОРАЊЕ НА КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“

Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи, како организација која се грижи за негување на придобивките од Народноослободителната и Антифашистичката војна и за чување на традициите и придобивките од Народноослободителната борба и Антифашистичката војна на Македонија и од националноослободителната борба и востанијата на македонскиот народ од подалечното минато изразува Јавен протест
1. Заради отворањето на „Културен центар Иван Михајлов – Клуб Ванчо Михајлов, ВМРО“ во Битола, бидејќи преку името на еден од најголемите експоненти на фашизмот и недвојбениот соработник на фашистичките главешини Хитлер, Мусолини, Анте Павелиќ и царот Борис III, се врши промоција и рехабилитација на фашистичката идеологија,
2. Заради антимакедонските политики на официјална Софија која преку поддршката и промоцијата на „Културен центар Иван Михајлов – Клуб Ванчо Михајлов, ВМРО“ во Битола, врши директен напад врз македонскиот антифашизам, врз борците за национална и социјална слобода на македонскиот народ и врз борбата за афирмација македонскиот национален идентитет и создавање на македонската национална држава.
3. Заради односот на македонската влада која толерира промоцијата на „Културен центар“ кој е именуван со името „Иван (Ванчо) Михајлов“, преку што директно и индиректно ја помага рехабилитацијата на фашизмот и антимакедонизмот од минатото.
4. Заради молкот и индолентниот однос на македонските политички партии за формирањето на Клуб кое го носи имито „Ванчо Михајлов“, со што го одобруваат ова јавно понижување на македонскиот народ и антифашизмот како идеја и пракса од македонската историја и што со тој нивни молк се солидаризираат со промоцијата на политики од минатото кои биле и се насочени против постоењето на македонската нација и македонската државност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *