ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ГЕВГЕЛИЈА РАСПИША НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА КНИЖЕВНИ ТВОРБИ ИНСПИРИРАНИ ОД ТВОРЕШТВОТО И ЖИВОТОТ НА ФРАНЦ КАФКА

По повод 100 години од физичкото заминување на Франц Кафка (1883-1924), еден од највлијателните европски и светски писатели на 20-от век, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија распишува награден конкурс за книжевни творби.

Делата, напишани на македонски јазик, може да бидат во вид на расказ или есеј, а секој автор може да учествува со една творба на слободна тема, инспирирана од книжевните дела и/или животот на Кафка.
Максимална должина на секоја од испратените творби е 5 000 зборови.
Творбите да се потпишат со шифра, а на посебен лист да се пополни пријава за учество на конкурсот со следниве податоци: шифра, име и презиме, наслов на испратено дело, телефонски број, e-mail адреса и адреса на живеење.
 
Пријавите за литературниот конкурс да се испратат на е-адресата на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија: bibliotekagevgelija@yahoo.com, најдоцна до 25-ти мај 2024 г.
По завршувањето на конкурсот, ќе бидат доделени парични награди за трите најдобри творби.
Конкурсот е без возрасни ограничувања за авторите или авторките.
Секоја непотпишана и нецелосна пријава на конкурсот нема да биде разгледана од страна на жири-комисијата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *