JЗУ „ЗДРАВЕН ДОМ ВАЛАНДОВО“ СО УСПЕШНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ

ЈЗУ Здравен дом Валандово во периодот 2018 – 2022 година успешно го имплементира проектот „Заеднички активности за заштита и унапредување на јавното здравје во прекуграничниот регион“ (акроним на проектот: „IPA SHIELD II“).
 
На почетокот на проектот целосно се реконструира системот за греење што придонесе за намалување на финансиските трошоци и остварување заштеда. Беше направена реконструкција на котелската постројка, при што беа набавени два нови котли на пелети од 200 kW со еден заеднички резервоар, паралелно поврзани со постоечкиот систем на котли на дрва и нафта.
 
Квалитетот на здравствените услуги кои може да ги понуди ЈЗУ Здравен дом Валандово на граѓаните од руралните подрачја е од особена важност. За таа цел во рамки на проектот IPA SHIELD II, се спроведе набавка на специјализирано возило за посета во рурални подрачја. По извршената набавка возилото веднаш е ставено во употреба. Со ова возило и ваков мобилен здравствен сервис се подобрува грижата за жителите во руралното подрачје на Валандово и околните села.
 
За унапредување и олеснување на работата во делот на опрема извршена е набавка на: Биохемиски анализатор; Ултразвучен уред (абдомен); Уреди за мешање струи со вакуумска електрода (за физичка медицина); како и Уред за електрична стимулација (за физичка медицина). Опремата е ставена во функција, достапна за опслужување на сите пациенти кои имаат потреба од истата.
 
Во рамки на проектот се одржа и информативен ден со споделување на информации за болеста дијабетес, а беа и дистрибуиран пропаганден материјал изработен во рамки на проектот.
Проектот „Заеднички активности за заштита и унапредување на јавното здравје во прекуграничниот регион (IPA SHIELD II)“, се реализира во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Македонија, а е финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *