КАРАТЕ ВЕТЕРАНИ НА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈА НА КАРАТЕ ВЕТЕРАНИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА

На Третата средба што се одржа, вчера, сабота, 1 јуни 2024 година во Прилеп , за остварувањето на трајни вредности во развојот на каратето и неговата афирмација во Македонија, на карате ветераните од Гевгелија им беа доделени следниве признанија:
 
ЗЛАТЕН ТРОФЕЈ за МАРЈАН СВИЛИЧИЌ – постхумно
Гевгелија, заедно со Скопје, беа првите градови во Македонија, каде во далечната 1968 година беше донесена карате вештината од МАРЈАН СВИЛИЧИЌ.
 
ПРИЗНАНИЕ ЗА ТРАЈНИ ВРЕДНОСТИ
Борче Алексовски и Ристо Брзанов
 
ПЛАКЕТА ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС
Ѓоргија Трајковски,
Никола Ќуркчиев,
Данчо Дојранлиев – постхумно,
Ѓорге Зајков и 2-ри дан црн појас,
Перо Мојсов и 2-ри дан црн појас
 
ДИПЛОМА за потврден степен карате мајстор 7 степен му беше доделена на Ристо Котев

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *