ЌЕ СЕ ГРАДИ ОБЛАКОДЕР ВО КОЈ ЖИТЕЛИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ ПАРКИРААТ АВТОМОБИЛИТЕ ВО СВОИТЕ СТАНОВИ

Застаклената гаража на секој кат од облакодерот ќе им овозможи на сопствениците да влегуваат и излегуваат од своите станови и автомобили без преголема помпа.
 
Кога ќе се изгради, Bentley’s Residences ќе биде највисоката станбена зграда покрај океанот во САД. Ќе се издигне на 62 ката на авенијата Колинс во таканаречената улица на милијардери во Санни Ајлс Бич, Јужна Флорида.
 
Станува збор за заеднички проект на архитектонското биро Сејгер Суарез, градежната компанија Дезер и автомобилскиот производител Бентли, кој ќе опфати повеќе од 200 луксузни апартмани.
 
Интересното кај овој монументален облакодер е специјалниот лифт за возила, благодарение на кој сопствениците ќе можат да ги паркираат своите лимени миленици во домот, без разлика на кој кат живеат.
 
Застаклената гаража на секој кат од облакодерот ќе им овозможи на сопствениците да влегуваат и излегуваат од своите станови и автомобили без преголема помпа. Ова особено ќе им одговара на познатите личности кои ќе можат да ги избегнат љубопитните папарацо фото објективи.
 
Секој апартман ќе има и ограден балкон, сауна и надворешен туш. Во внатрешноста на облакодерот ќе има места за спа зона, базен, теретана, кино, ресторан и бар за љубителите на вискито, како и заеднички парк и градина.
 
Облакодерот Bentley Residences треба да биде изграден за четири години, а почетната цена на становите е 4,2 милиони американски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *