КК „ГЕВГЕЛИЈА“ ВО САБОТА ГО ИГРА ТРЕТИОТ, РЕШАВАЧКИ МЕЧ ПРОТИВ КК „ЦРН ДРИМ“

На 20 април, сабота, со почеток од 18 часот, младите кошаркари на КК „Гевгелија ќе го играат во Струга третиот, решавачки натпревар против екипата на КК „Црн Дрим“, за влез во полуфиналето во разигрувањето за влез во Втората кошаркарска лига.
 
На првиот натпревар во Струга, гевгеличани беа поразени со 84-61, додека на вториот, во Гевгелија, беа поуспешни од стружани, кои ги совладаа со 86-81. Сега останува, третиот натпревар во Струга да го даде четвртиот патник во полуфиналето.
 
Екипите Бутел, Струмица и Феникс баскет беа првите кои обезбедија по две победи во оваа четвртфинална серија, и беа промовирани во полуфиналисти од разигрувањето за две места кои водат во Втората лига.
 
Првата полуфинална двојка е позната, за место во финалето и пласман во Втората лига ќе разигруваат Бутел и Феникс баскет, додека пак Струмица ќе го чека победникот од „мајсторката“ помеѓу Црн Дрим и Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *