КНИЖАРНИЦАТА НА ТРКАЛА НА „АНТОЛОГ“ВО ГЕВГЕЛИЈА!

ПОТПИШУВАЊЕ НА НОВАТА КНИГА НА СТЕФЧО СТЕФАНОВ „ЉУБОВНО АЗДИСАНО ХАИКУ“
 
Книжарницата на тркала пристигнува во Гевгелија, во четврток, 28 септември, на целодневно дружење.
Посакуваните книги со одлични наслови и супер попусти ќе ги најдете на плоштадот кај КИТ-ГО, од 10 – 19 часот.
Тука ќе ја најдете и новата книга на гевгелискиот „Аџамија“, професот Стефчо Стефанов, „Љубовно аздисано Хаику“ која ќе може да си ја купите и да ви ја потпише самиот автор.
„Ноавта книгичка е на литературен македонски ј’зик ама дешафката е гивгилијска. Повелејте утре на поминувајне, видувајне, или макар пљуска и “здраво” кажувајне.
А не мора и заради мене ак не ви е ду мене, ќе си има там и цело камионче други книги-миги,“ вели Стефанов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *