КОНЦЕРТ НА КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА БИТОЛА СО „РОК СИМФОНИЈА“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во четврток, на 30 ти мај, на плоштадот во Гевгелија, по повод Europe Day 2024, ќе се одржи концертот на Камерениот Оркестар на Битoла насловен како “Рок Симфонија”.
Заедно со оркестарот, на сцената ќе настапат познати македонски изведувачи кои со своите уникатни гласови ќе ги разбудат емоциите и ќе ја подигнат атмосферата, со изведба на најголемите македонски рок песни.
Настапуваат: Дани Димитровска, Ружица Брчиоска (АРЕА), Јасна Димитровска, Сашо Паркет и Наде Талеска.
Пред почетокот на овој концерт, ќе се одржи и Концертот на детскиот интернационален фестивал “Калинка”, каде учество ќе земат деца кои ќе изведуваат песнички од овој детски фестивал. Концертот ќе започне во 18:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *