КОНЦЕРТ ЗА ФЛЕЈТА И ПИАНО „КОЛОРИТОТ НА ФЛЕЈТАТА“ ВО НАРОДНИОТ ТЕАТАР

„Домот на културата во Гевгелија“ и ООМУ „Васо Карајанов“ се организатори на Концертот за флејта и пијано кој ќе се оддржи на 4-ти Мај (среда) 2022 година, во Народниот театар во Гевгелија.

Колоритот на флејтата и пијаното ќе го проследиме преку интерпретацијата на проф. Силвана Чулева Атанасова и проф. Емилија Кабранова Филипова. 

На концертот за флејта и пијано ќе бидат отсвирани композиции од: Herman Beeftink, Ian Clarke, Takatsugu Muramatsu, Gary Schocker и Nino Rota.
 
Концертот ќе започне во 19:00 часот, а влезот е слободен за љубителите на класичната музика. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *