КОВИДОТ СТИВНУВА, ВО ГЕВГЕЛИЈА 3 АКТИВНИ СЛУЧАИ

Ковидот полека стивнува.Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.
Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.
Тие потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.
Според податоците на министрството за здравство во моментов најмногу заразени лица има во Скопје и Битола, додека пак во единаесет градови нема позитивни лица на ковид.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *