МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА БАРААТ ПОМОШ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 15 ГОДИШНИНАТА ОД „МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО“ ВО ПУСТЕЦ, АЛБАНИЈА

Обединетата македонска дијаспора упати писмо до повеќе државни институции и поединци во кои бара помош за што подостојно одбележување на Македонското културно лето во Пустец, Република Албанија. Во писмото се вели:
 
На 1 јули 2022 година се одбележува 15-годишнината од Македонското културно лето во Пустец, Албанија.
Македонската заедница во Албанија го организираше овој настан за да го промовира и прифати нашето богато македонско наследство. За време на фестивалот ќе има песни и игри, и големо прикажување на нашата култура и нашите македонски корени. На фестивалот ќе настапат уметници,со народни игри, театарски претстави и друго, а гостите ќе имаат можност да пробаат македонска кујна од тој преспански регион. Ќе бидат организирани еднодневни патувања за посета на музејот на познатиот автор Стерјо Спасе и специјална посета на малиот остров во Преспанското Езеро.
 
Како што знаете некои од вас, претставници на бугарското Министерство за надворешни работи редовно се во регионот населен со Македонци во Албанија и вршат притисок врз нашиот македонски народ да се декларира како Бугарин давајќи му бугарско (ЕУ) државјанство. Им даваат целосни стипендии на млади Македонци од Албанија да одат да студираат во Софија. Затоа, императив е да работиме заедно на зачувување на македонската култура кај македонското малцинство во Албанија. Не можеме да дозволиме бугарската држава да ги асимилира овие Македонци со финансиски подароци токму пред наши очи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *