МАКЕДОНИЈА НЕ ГО ДАВА ИДЕНТИТЕТОТ И ЈАЗИКОТ

Политичкиот врв во Македонија не коментира за детали за францускиот предлог, но велат за идентитетот и јазикот нема да се преговара. Францускиот предлог за укинување на бугарското вето за македонските преговори со ЕУ е во сенка на тензичките настани во бугарското собрание околу пратеничкото мнозинство и најавеното гласање за недоверба за бугарската влада, во вторник.
 
За македонскиот идентитет и македонскиот јазик нема да се преговара, изјави денеска македонскиот премиер Димитар Ковачевски на прес конференцијата на „Преспа форум за дијалог, одговарајќи на новинарските прашања за содржината на францускиот предлог за укинување на бугарското вето за македонските преговори со ЕУ. Тој уште еднаш повтори дека до македонските власти не е пристигнат предлог кој е усогласен од сите земи членки на ЕУ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *