МАКЕДОНСКИОТ ДИПЛОМАТСКИ СИНДИКАТ БАРА ОСТАВКА ОД БУЈАР ОСМАНИ БИДЕЈЌИ ВО МНР НЕ СЕ АНАЛИЗИРАЛ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

„Македонските дипломати не го имаат ниту видено, ниту анализирано францускиот предлог, како што вие тврдевте. Тоа го имаат направено само еден-двајца ваши најблиски соработници, кои патем како награда си добија мандати во странство. Не дозволуваме македонските дипломати да се злоупотребуваат и израмнуваат со неколкумина поединци на кои личната добивка им е пред државата. Молиме да си побарате друг начин да го оправдате наметнувањето на предлогот и рамката – ние не сме и нема да бидеме ничиј параван“, реагира Македонскиот дипломатски синдикат.
Преку писмото дипломатите организирани преку овој синдикат бараат итна оставка од министерот Османи и велат дека е долга листата на неговите гревови.
 
Еден од приоритетите на секоја дипломатија е поставување свои луѓе на високи и највисоки позиции во меѓународните организации. Тоа се смета за успех и дава можност за поголемо влијание на државата во меѓународните односи. Која е причината зошто блокирате кандидатури на наши амбасадори, оневозможувајќи им да дојдат на високи меѓународни позиции? Дали сте свесен дека со тоа правите штета по угледот на Република Македонија?
Со дуплирање на организациони единици во МНР и претворање на вашиот кабинет во феудална тврдина, систематски го разградувате МНР само со една цел – да имате апсолутна контрола врз сѐ што се случува во министерството.
Господине Османи, пред две години, кога дојдовте во МНР ве предупредивме дека една од главните задачи што стои пред вас е да го вратите сјајот и дигнитетот на министерството, девастирано од самоволието и арогантноста на Никола Димитров. За жал, вие не го сватифте предупредувањето сериозно и не мрднавте со малиот прст да ги поправите состојбите.
 
Поради сето ова, а и многу други причини за кои ќе информираме дополнително, ние дипломатите од МДС не стоиме зад вас и очекуваме да имате минимум доблест што поскоро да си поднесете неотповиклива оставка, за добро на она малку што остана од дипломатијата“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *