МАКРОН ИМА РАЗБИРАЊЕ ЗА БУГАРСКИТЕ БАРАЊА А ОД „СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИТЕ“ ОЧЕКУВА ДА СЕ СОГЛАСАТ СО НИВ

„Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и кој е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба. “, рече Макрон.
Тој нагласи дека со „Северномакедонците” во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот.
 
За Бугарија оцени дека „една земја членка со задоцнување побара промени“ и оцени дека „ЕУ не може да се преправа дека тие бараања не постојат“.
Целосна посветеност на перспективата за членство во ЕУ на Западен Балкан, забрзување на процесот на пристапување и барање брзо решение за деблокирање на евроинтеграциите за Македонија се меѓу заклучоците по Самитот на ЕУ чиј фокус годинава е ставен на проширувањето, состојбата со Украина, но и економската криза.
 
„Европскиот совет беше информиран за последните случувања на дискусиите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Таа повикува на брзо решавање на последните преостанати прашања за да може да се отворат пристапните преговори без одлагање“, стои во заклучоците кои се однесуваат на Западен Балкан.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *