МАРШОТ НА „ЛЕВИЦА“ ВО ЧЕСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ ПРИСТГНА ВО „СВЕТИ СПАС“ ВО СКОПЈЕ

По тридневен марш, вечерва, околу 19 часот, членовите на Левица од Гевгелија, Велес, Битола и Скопје пристигнаа до црквата „Свети Спас“, на вечното почивалиште на великанот на македонската револуционерна борба – Гоце Делчев.
Иницијаторот на овој марш Саше Јанчев, кој минатата година за првпат го започна од својот роден град Гевгелија во објавата споделена на фејсбук напиша:
„Втор по ред, тридневен марш за Гоце, по изодени 152 километр за 35 часа.
За разлика од лани годинава не бев сам. Сега имаше три чети. Една гевгелиско-велешка, една битолска и една скопска. Се тргна од два правци, од Гевгелија и од Битола. Скопската чета се придружи пред Скопје. А имаше и пречек од еден куп другарки и другари. Здравје наредна година помасовно и од повеќе правци од Македонија.
Учителе,
Пред тебе во Македонија населението беше делено на различни табори задоени со меѓуплеменска омраза од завојувачките пропаганди на балканските државички. По тебе имаше духовно издигнување. По тебе има МАКЕДОНСКИ НАРОД кој сака СВОЈА САМОУПРАВНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА која ќе ги помири балканските државички, која ќе биде лепак за нивно сојузување и која ќе направи од нив поле за културен натпревар, а не шаховска табла на Големите сили.
Генерациите пред нас следејќи го твојот пат создадоа држава, а сега наш е редот да продолжиме.
Вечна ти слава Учителе!“
На дочекот присуствуваа претставници од високото партиско раководство, како и од членството, за заедно сите да оддадат почит кон македонскиот револуционер.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *