МИК ЏЕГЕР ИМА КОРОНА, ОТКАЖАН КОНЦЕРТОТ ВО АМСТЕРДАМ

Европската турнеја на Ролинг Стоунс може да пропадне бидејќи фронтменот Мик Џегер бил заразен со корона вирусот, а настапот во Амстердам планиран за вечерва беше откажан во последен момент.

На Ролинг Стоунс им е многу жал за одложувањето наконцертот, но безбедноста на публиката, колегите музичари и екипажот на турнејата мора да биде на прво место“, објави бендот на Твитер.

На 78-годишна возраст, легендарниот Мик Џегер спаѓа во таканаречените ранливи групи. Тој вечерта на Фејсбук се извини за краткотрајното откажување. Ви благодариме на сите за трпението и разбирањето“, напиша тој.
 
Според организаторот, концертот треба да се презакаже. Сепак, датумот се уште не е одреден.
Сè уште не е јасно какви ефекти ќе има болеста на Џегер на другите планирани концерти од турнејата. За петок беше закажан настап во Берн, а следната недела во Милано. На крајот на месецот, познатиот бенд треба да настапи во Лондон.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *