МИНАТАТА НЕДЕЛА РЕГИСТРИРАНИ 4.764 НОВИ СЛУЧАИ НА COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА , ВО ГЕВГЕЛИЈА ТАА БРОЈКА Е 56

Во периодот од 25 до 31 јули 2022 година тестирани се вкупно 10.027 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со незначително намалување од 0,2% во однос на минатата недела (n=10.050). Регистрирани сe 4.764 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со зголемување од 8,5% во однос на минатата недела (n=4.389). Процентот на позитивност се движи од 38,2% до 53,4%, просечно 46,0%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.058; 43,1%). Највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци (617,3/100.000).
Во Гевгелија, активни се 52 случаи, додека во текот на изминатата недела позитивни се 56 граѓани, или инциденцата во дадениот период е 259,5 %.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *