МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ОТСТАПИ ДВИЖНИ СТВАРИ НА ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ, МЕЃУ КОИ И НА ГЕВГЕЛИЈА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРОГРАМАТА ГЛОБЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
 
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата. Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
 
Инаку, во Република Македонија GLOBE програмата започна да се имплементира од 24 август 1998 година и досега се вклучени 29 училишта, односно 15 средни и 14 основни училишта од целата територија на државата. Оваа Програма нуди можности за децата на училишна возраст да научат повеќе за планетата Земја, да добијат основни информации, да ги идентификуваат ризиците по животната средина, да ги разберат, анализираат и да преземат акција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *