МИРЈАНА КРСТЕВА МАССЕТИ СО ДЕЛОТО „21971„ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ НА ИЗЛОЖБАТА „ЦРТЕЖ, ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ЦРТЕЖ“

Во куќата на доајенот на македонската ликовна уметност, сликарот Борко Лазески, вечерва, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Цртеж, експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Изложбата ќе ја отвори евроамбасадорот Дејвид Гир.

На оваа изложба со своето дело „21971“ ќе се претстави и гевгелиската уметница м-р Мирјана Крстева Массети.
Изложбата се организира по 8. пат, а целта е да овозможи простор за презентација на дела каде границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми. 

Оваа изложба го слави иновативниот дух на уметниците кои се осмелуваат да ги предизвикаат конвенциите на медиумот, презентирајќи разновидна колекција на експериментални цртежи кои ги предизвикуваат очекувањата и ги повикуваат гледачите да откриваат нови можности на ликовна креација.
Изложбата ќе биде отворена за посета до 10 мај 2024 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *