ММДЧП И КАРАКАМИШЕВА-ЈОВАНОВСКА ПОЧНАА ПРОЦЕС ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права започна уште еден процес пред Европскиот Суд за Човекови Права, овојпат во соработка со Тања Каракамишева – Јовановска, редовен професор по македонско уставно право.
Врз Македонците беа извршени сериозни прекршувања на човековите права во пресрет и како резултат на принудната промена на името која илегално ни беше наметната од режимот во Македонија со “Преспанскиот Договор”. Овие прекршувања продожуваат да се шират експоненцијално.
 
Илегалното и принудно менување на името суштински крши голем број на конвенции за човековите права кои се ратификувани во Македонија, е во директна спротивност со македонското и со меѓународното право, со македонскиот Устав, собраниските правила и процедури и оттаму е невалидно.
Дополнително, илегалното менување на името е директен резултат на општо кршење на човековите права на Македонците и оттаму, ММДЧП и професорката Каракамишева, бараат тоа да биде поништено и да биде вратено името на Македонија. Ова се бара врз основа на повеќе членови на Европската Конвенција за Човекови Права, 
 
Професорката Каракамишева-Јовановска објаснува:
 
” Во време кога постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик безобразно се негира од европските институции и од европски држави, ние немаме друг избор освен да го изразиме нашиот отпор преку овие постапки и гласно да протестираме против овој културолошки геноцид.
Во 21 век не е дозволиво да се менува идентитетот на една нација само затоа што тоа и текнало да го бара соседната нација. Ја повикуваме меѓународната заедница да го брани нашето право да бидеме тоа што сме – Македонци од Македонија”.
„Затоа покренавме процес пред Европскиот Суд за Човекови Права. Се надеваме дека ЕСЧП ќе ги заштити нејзините човекови права и ќе го запре културолошкиот геноцид врз Македонците“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *