МОТОКРОС КЛУБ ГЕВГЕЛИЈА СО ДВЕ ПРВИ-ОГНЕН ТОДОРОВ, ЕДНО ВТОРО-МИЛАН СТОЈАНОВ И ДВЕ ТРЕТИ МЕСТА-ВАСКО КИРОВ И ИВАН ЦЕКОВСКИ НА МАКЕДОНСКИОТ МОТОКРОС ШАМПИОНАТ И БМУ ЕВРОПСКИОТ ВО ПРИЛЕП.

Изминатиов викенд на Патеката Лагово – Прилеп се одржа првата трка од Македонскиот Мотокрос шампионат и БМУ Европски шампионат во организација на клубовите “МК Мотори” од Скопје, “МК Вардар” од Скопје и МФМА. На трката се натпреваруваа 56 возачи во 7 различни класи (МХ, МХS, MX1, MX2, MX85, MX65 и MX50). МОТОКРОС КЛУБ ГЕВГЕЛИЈА учествуваше со 5 возачи во 4 различни класи. Највисоката награда во нашиот клуб ја освои Огнен Тодоров во класата МХ85 кој убедливо победи и во двете трки, и освои прво место на Македонскиот и прво место на БМУ шампионатот. Во класата МХ, Милан Стојанов се избори за второто место на Македонскиот шампионат. Васко Киров којшто се натпреваруваше во класта МХ1 и Иван Цековски во класта МХ2, си отидоа дома со освоено 3 место на Македонскиот шампионат. Ова е само почеток на претстојната сезона и почеток на нашите успеси. Дел од натпреварувачите од нашиот клуб ќе учествуваат и на напреварот на патеката ГЛОБАРЕ во соседна Република Србија на 15.05.2022

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *