НА 27-ТЕ СПОРТСКИ ИГРИ И СРЕДБИ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОСВОИ ТРИ ПРВИ МЕСТА

Од 9-ти до 12-ти јуни 2022 година во Хотелскиот комплекс „Метропол“ во Охрид се одржаа 27-те Синдикални спортски игри на УПОЗ, на кои настапија повеќе од 400 членови од синдикалните организации на неколку Општини, Министерства, Основните судови, Агенции и Дирекции, Јавни претпријатија, Управи..
Екипите се натпреваруваа во мал фудбал, кошарка, стрелаштво, пинг-понг, пикадо, шах, влечење јаже, пливање, одбојка и тенис.
 
Екипата на Општина Гевгелија се враќа од игрите во Охрид со три освоени први места, и тоа во пливање за жени, чах за жени и шах за мажи.
Васка Пајдакова и Петранка Чавдарова беа најдобри во пливање, Јасминка Ичева, Весна Хаџикојчева, Драгица Јованова и Васка Пајдакова освоија прво место во шах во женска конкуренција а во машка конкуренција прво место во шах освоија Митко Дојчинов, Ѓорге Гребенаков, Тони Николов и Васил Шпиров.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *