НА 29 МАЈ 1953 ГОДИНА ЕДМУНД ХИЛАРИ И ТЕНСИНГ НОРКАЈ ПРВИ СЕ ИСКАЧИЈА НА „ПОКРИВОТ НА СВЕТОТ“ МОНТ ЕВЕРЕСТ

Поминаа 69 години откако Монт Еверест ја загуби битката со човекот. Нескротливата, застрашувачка, смртоносна, недопирлива планина, висока 8849 метри, е освоена на 29 мај 1953 година. Таа беше поразена од 33-годишен Новозеланѓанец и Непалски Шерпас. Првиот бил пчелар, вториот не знаел да ракува со камера. Сер Едмунд Хилари и неговиот подоцнежен долгогодишен пријател Шерпас, Тензинг Норгај, испишаа историја со овој подвиг. Од напуштање на логорот до освојување на Еверест, ги делеше пет часа нагорнина. Точно во 11:30 часот, Сер Хилари застана на врвот на светот. По него истото го направи и Тензинг, а Хилари го фотографираше. Немаше кој да го фотографира првиот освојувач. Тензинг ископа дупки за храна, мали подароци за боговите. Хилари барал траги од Џорџ Мелори и Сенди Ирвин, кои отишле на планините пред 30 години, а некои верувале дека успеале да стигнат до врвот. Не ги најде. После тоа, тие се спуштија меѓу обичните смртници.
И двајцата беа членови на деветтата британска експедиција на самитот предводена од Џон Хант, и двајцата станаа светски икони и обајцата беа наградени од кралицата Елизабета Втора, чие крунисување се случи непосредно пред враќањето на експедицијата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *