НА 4-ТО ИЗДАНИЕ НА „ТРКА НА ПОЕЗИЈАТА“ ВО СТРУГА ГОЛЕМ УСПЕХ НА МЛАДИТЕ АТЛЕТИЧАРИ НА „7-МИ НОЕМВРИ“

Под мотото „Трчаме рецитираме“, во организација на атлетскиот клуб „Спортски мостови“ на 26 мај годинава во Струга се одржа четвртото издание на атлетската манифестација „Трка на поезијата“.
По четврти пат се рецитираше во Струга, додека АК Спортски мостови повторно беа домаќини на уличното трчање на 5 км и 10 км, како и Детска трка која се одржа во пет годишни категории од 5 до 13 години. Над 500 тркачи, оваа година зедоа учество на овие интересни трки.
 
На детската трка, Ана Бегова го освои првото место во категорија за девојќиња, додека Матеа Танова го освои четвртото место, кај момчињата пак, Антонио Каракабаков прв помина низ целта. На оваа трка настапи и Живко Костадинов.
На 5 километри настапи членот на АК „7-ми Ноември“, Никола ковачев, додека на трката на 10 километри се натпреваруваа Драган Ристов, Борче Узунов, Никола Костадинов, Никола Мичев, Орце Цветков, Димитар Андреев и Живко Петков.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *