НА 5-ТИ ОКТОМВРИ 2007 ГОДИНА ТОШЕ ПРОЕСКИ ГО ОДРЖА СВОЈОТ ПОСЛЕДЕН КОНЦЕРТ

Над 25.000 фанови од целата земја, тој 5-ти октомври 2007 година, го преполнија стадионот во Скопје и беа сведоци на една неповторлива вечер чија големина ја дополни и префиксот – хуманост. Тоа беше вечер во која Тоше, Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Министерството за образование, под мотото „Образованието е одговорност на сите“, организираа настан од кој најголемиот бенефит ќе го има токму нашиот подмладок – имено, средствата од концертот (околу 150.000 долари) беа наменети за обновување и реновирање на основните училишта во земјава.
 
И оваа 2023 година на 5ти октомври на Платото пред Спомен куќата на Тоше ќе пееме во негова чест. Неговите пријатели, музичари, пеачи, фанови, почитувачи, сограѓани ќе се потсетат на неговите безвремени хитови. Општина Крушево во тесна соработка со управниот одбор на спомен куќата и директорот, се погрижија организацијата да биде беспрекорна.
Нашиот Тоше живее во секоја насмевка, во човештината на која не учеше, на големината на љубовта да дадеш премногу и кога немаш…
Означуваме 16 тажни и тешки години од последниот одржан концерт во Скопје без нашиот најпознат пејач на сите времиња.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *