НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1961 ГОДИНА ИВО АНДРИЌ ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА ЗА РОМАНОТ „МОСТОТ НА ДРИНА“

Иван „Иво“ Андриќ , роден во Травник на 9 октомври 1892 а починал во Белград, на 13 март 1975 беше југословенски писател, добитник на Нобеловата награда за литература за романот „Мостот на Дрина“ во 1961 година.
Неговите теми најчесто биле на теми поврзани со неговата родна Босна за време на отоманското владеење. Неговата родна куќа во Травник е музеј, како и неговиот стан во Белград кој е домаќин на „Музејот Иво Андриќ“ и „Фондацијата Иво Андриќ“.JUGOI„

Во романот „Мостот на Дрина“ се сменуваат неколку векови кои ги поврзува еден мост, како врска меѓу Ориентот и Западот. Притоа, мостот им одолева на бурите на историјата, а со својата величественост и со осамената убавина се воздигнува не само над градот, туку и над времето. Мостот е главниот лик на овој роман: тој е сведок на човечките трагедии, неговата ограда е испрскана со човечка крв, немо го набљудува сменувањето на крупните историски епохи и цивилизации. 

„Мостот на Дрина“ е поетично, уметничко и, истовремено, многу умно дело. Во романот се прикажани епски историски слики заедно со нежни психолошки моменти од човечкиот живот, а во него се соединуваат сите карактеристики на Андриќ како раскажувач: поетичност во сликањето на човековата трагика, ангажирана мисловност во третманот на големите теми, моќ за длабоко нуркање во човековата психа и голема дарба за портретирање на ликовите и за сликање на околината.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *