НА ДЕНЕШЕН ДЕН ХЕРОЈСКИ ЗАГИНУВА ГЕМИЏИЈАТА ЈОРДАН ПОП ЈОРДАНОВ-ОРЦЕ

Јордан Поп Јорданов – Орцето (или само Орце — македонски револуционер – анархист, член на илегалниот терористички кружок Гемиџии кој кон крајот на април 1903 година ги извршил познатите Солунски атентати врз објекти кои целосно или делумно биле во сопственост на западноевропските капиталистички земји и турските власти.
 
Роден е во Велес, како помлад брат на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов. Се школува во родниот град и Солунската бугарска машка гимназија. Како шестокласник го прекинува образованието и заминува во Софија од каде се префрла во Солун.

Тој е еден од поистакнатите членови на Гемиџиите, а подоцна и негов водач. Претходно среќавајќи се со Слави Мерџанов во Цариград (1899), ја прифаќа неговата идеја за минирање на Отоманската банка во Солун и настојува да ја реализира.
Договорено е подземниот тунел до банката да се копа од изнајмениот дуќан берберница на Владимир Пингов. Тунелот ќе биде прокопан во одредениот рок, но акцијата ќе биде одложена.

На 29 април 1903 тој ќе го активира динамитот во прокопаниот тунел и ќе ја крене во воздух Отоманската банка. Потоа фрла бомби пред хотелот „Салоник“.
Загинува херојски на 30 април 1903 во куќата во која што живеел, фрлајќи ги последните бомби врз турските војници кои го држеле под опсада.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *