НА ДЕНЕШЕН ДЕН 2004 ГОДИНА ПОЧИНА ФАНА КОЧОВСКА ЦВЕТКОВИЌ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 2004 ГОДИНА ПОЧИНА ФАНА КОЧОВСКА ЦВЕТКОВИЌ, НАЈМЛАДИОТ НАРОДЕН ХЕРОЈ НА НЕКОГАШНА ЈУГОСЛАВИЈА.
 
На денешен ден, 17 април 2004 година, во Скопје почина најмладиот народен херој во цела некогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија , ФАНА КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ.
 
Родена била во селото Лавци, Битолско, на 27 јули 1927 година.
 
Со неполни петнаесет години во 1941 г. била активен припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење, односно била младинска активистка и член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ.
 
Од крајот на 1941 година преминала во илегалство. Била борец во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“. Учествувала во славниот Февруарски поход.
По ослободувањето на земјата од фашистичките окупатори вршела високи општествени и државни функции. На Десетиот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија (СКЈ) била избрана за член на Централниот комитет.
 
Била носител на Партизанска споменица 1941, а прогласена за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *