НА ХУМАНИТАРНАТА РОТАРИ ТРКА 2024 ВО КОЧАНИ ВО ФАМИЛИЈАРНАТА ТРКА ПРВОТО МЕСТО ЗА ФАМИЛИЈАТА КОСТАДИНОВИ

Денес, недела, 14 април 2024 година, по трет пат се организираше Хуманитaрната Ротари Трка 2024 во Кочани. Настапија 300 натпреварувачи од Македонија и Бугарија, во трките на 2,5, километри( фамилијарната трка), како и на 5 и 10 километри организрана од Ротари Клубот Кочани-Виница. Трката се одржа низ Кочанските улици. Учествуваа и 20 натпреварувачи од АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија во сите три категории.На 5 километри најдобар резултат оствари Влатко Семенаков кој го освои 7 место, додека на 10 километри , во женска конкуренција Валентина Узунова беше 6-то, а кај машките најдобро пласиран беше Дарко Прошевски , на 14 место. На 10 километри настапија Прошевски Дарко , Крстовски Илиоски Борче, Цветков Орце, Петровски Мики, Иванов Зоран, Андреев Димче, Темелковски Благојче и Узунова Валентина, додека на 5 километри трчаа, Прошевски Кристијан, Стоева Натка, Дучков Андон, Проданов Васко, Епов Атанас, Ковачев Никола, Семенаков Влатко и Михајловски Валентин. На 2,5 километри (фамилијарна трка) настапи фамилијата Костадинови, кои го освоија првото место.


Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *