НА „МАКЕДОКС“ ПРЕМИЕРНО ПРИКАЖАН ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ПАТУВАЊЕ ПЕШ“ НА ТАМАРА КОТЕВСКА

На фестивалот „Македокс“ ја видовме македонската премиера на документарниот филм „Патување пеш“ на македонската режисерка Тамара Котевска. Неговото снимање траело две години на територија на повеќе од 10 земји низ кои патува Амал (Надеж), џиновска кукла висока 3,5 метри. Таа ја претставува вистинската Амал, деветгодишно девојче од Сирија кое само пребегува во Турција.
 
Својата европска премиера филмот ја имаше на најголемиот фестивал за човекови права „FIFDH“ во Женева, а светската премиера беше во Њујорк.
Ова е втор долгометражен документарен филм на режисерката Тамара Котевска и следи по големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во САД во 2019 година, а во 2020 имаше две номинации за Оскар.
„Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза. Раскажувајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, ја пренесува судбината на бегалците низ цел свет“, посочуваат од „МакеДокс“
 
– Јас лично бев интимно мотивирана да го направам овој филм баш поради тоа што потекнувам од земја каде што бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и сведочиме. Тоа што го видов од овој проект е дека ние не смееме да останеме слепи на овој проблем и многу ми е мило што денеска овој филм е гласот кој се надевам дека ќе ja разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидливи и тие постојат секаде околу нас во нашава земја. Се надевам дека овој филм ќе допре до сите и дека ќе направи промена – вели Котевска.
 
Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија, кои ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште“, дообјаснуваат организаторите на фестивалот.
-Амал е џиновска кукла од 3,5 м. Таа претставува мало девојче бегалец, кое преку сириската граница патува низ Турција, а потоа и низ Европа во обид да најде дом. 
 
Прекрасен македонски филм за детската невиност, моќта на имагинацијата и потребата да се заштитат и вклучат бегалците ширум светот. УНХЦР е горд што соработува со режисерката на филмот Тамара Котевска и со композиторот и уметникот Дуке Бојаџиев, чија музика ја збогатува емоционалната длабочина и моќната порака на филмот. Ве поканувам сите да го погледнете филмот и да се солидаризирате со бегалците – истакна Габриел Гуалано де Годој, претставник на УНХЦР кај нас.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *