НА ПРВИТЕ СПОРТСКИ ВЕЛЕШКИ ИГРИ ЕКИПАТА НА ГЕВГЕЛИЈА ПРВА ВО ШУТИРАЊЕ ТРОЈКИ

Околу 400 спортисти од Македонија беа учесници на првите Спортски велешки игри – Атлантис Инвест Груп. Игрите траеа четири дена, а спортистите, од кои поголем дел активни, се натпреваруваа во мал фудбал, одбојка на песок, баскет и тенис. Настанот се случуваше на спортските терени на Градскиот парк, поддржан од Општина Велес, а генерален покровител беше Атлантис Инвест груп.
 
Петчлена екипа, составена од: Славчо Илков, Кире Тошев, Тодор Божинов, Митко Јакимовски и Ѓорге Митров, а поддржани од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ја претставија Општина Гевгелија во натпреварот во баскет на првите Спортски велешки игри- Атлантис Инвест груп. Кошаркарската екипа на општина Гевгелија одигра натпревар со велешка екипа. Имено, нашата екипа го освои првото место во натпреварот во шутирање тројки. Во финалето, Тодор Божинов постигна од 10, 7 погодоци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *