„НА СТРУМИЦА НА УЛИЦА“ ГЕВГЕЛИСКИТЕ АТЛЕТИЧАРИ ДОМИНИРАА СО ЧЕТИРИ НАГРАДИ

На третата манифестација „На Струмица на улица“, која вечерва се трчаше низ улиците на Струмица, уште еден голем успех на членовите на АК „7-ми Ноември. На подиумот се најдоа четворица од 13, колку допатуваа од Струмица.
 
Во трката на 5 километри, во машка конкуренција Насе Епов беше втор, а на 10 километри , второто место и припадна на Валентина Узунова.
Цеца Србова во трката на 5 километри беше трета, а Тодор Анчев го зазеде истото, трето место во трката на 10 километри.
 
Од останатите тркачи на гевгелискиот клуб, да ги споменеме 6 место на Ристо Чалков,13 на Стојан Делев и 14 на Никола Ковачев, во трката на 5 километри, како и 23 место на Мијалчо Андоновски на полумаратонската трка
 
На манифестација која ја организираше АК ,,Беласица Ран’’ под покровителство на Општина Струмица, учествуваа повеќе од 300 учесници за дисциплините 21км, 10км, 5км. Најуспешните добија награди и медали но и благодарници за сите кои беа дел од ,,Струмица на улица

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *