НА УТРЕШНАТА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА СОПСТВЕНО УЧЕСТВО ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЕТ ПРОЕКТИ ЗА УРБАН И РУРАЛЕН РАЗВОЈ.

Утре (21 април, 2022 година), Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 8 вонредна седница. Членовите на Советот ќе расправаат по повеќе предлог-одлуки за обезбедување сопствено учество за реализација на неколку проекти, со кои Општина Гевгелија ќе аплицира на распишаниот Јавен повик на Бирото за регионален развој. Имено, Бирото за регионален развој распиша Јавен повик за прибирање на предлог-проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој, развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата, на кој Општина Гевгелија ќе учествува со 5 проекти: „Изградба на зафатна градба, пумпна станица и доводен цевковод до постоечки резервоар во село Ума“, „Реконструкција на Младински дом во Богородица“, „Санација, конзервација и реставрација на објект Училишна зграда во Конско“, „Поставување урбана опрема- контејнери и канти за рециклирање на отпад во Гевгелија“ и „Поставување урбана опрема за детски игралишта во Негорци, Прдејци и Богородица“. Согласно условите за аплицирање, Општина Гевгелија треба да обезбеди кофинансирање во висина од 50%, од вкупната вредност на предлог-проектот.


            Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 11:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *