НАМЕСТО ДА СЕ „ТРУЕТЕ“ СО ТАБЛЕТИ ЗА РАЗНИ БОЛЕСТИ, БРИТАНСКИТЕ ДОКТОРИ ПРЕПОРАЧУВААТ ДА СЛИКАТЕ, ДА СВИРИТЕ, ДА ТАНЦУВАТЕ И ДА ПЕЕТЕ!

Британскиот секретар за здравје, Мет Хенкок, претставил амбициозна иницијатива што наскоро би требало да им овозможи на лекарите да препишуваат терапевтска уметност или терапија заснована на хоби како лек за повеќе заболувања: деменција, психоза и различни заболувања на белите дробови и ментални болести. Оваа необична стратегија британската влада ја опишува како „социјално препишување“.
– Веќе долго време негуваме култура која се заснова на таблети и антидепресиви, а впрочем би требало повеќе да се занимаваме со превенција – изјавил Хенкок, додавајќи дека новата иницијатива може да го намали консумирањето лекови од страна на жителите.
 
Предлогот вклучува отворање академија за социјално препишување на која лекарите ќе може да ги испраќаат своите пациенти. Во академијата би се нуделе разни хобија, спортови и уметности.
Во Обединетото Кралство, на пациенти што преживеале мозочен удар им се советува свирење на музички инструменти, а тоа може да го прават во рамките на специјална програма со филхармонијата. Дури 90% од пациентите што диригирале или изведувале музички дела во рамките на оваа програма изјавиле дека им се подобриле и менталното и физичко здравје.
 
Се покажало дека часовите по танцување ја подобруваат концентрацијата, како и комуникациските вештини, а болниците во државата ги испраќаат пациентите кои имаат проблеми со белите дробови на часови по пеење.
Во слична кампања во Канада, членови на медицинска асоцијација од Монтреал може да издаваат рецепти на пациенти за бесплатно посетување музеј за ликовна уметност. Иницијативата се заснова на истражување кое покажало дека посетувањето музеи го подигнува нивото на сератонин и брзо го подобрува расположението.
Социјалното препишување рецепти е замислено како дополнување, а не како заменување на традиционалните форми на лекување, објаснува Сали Купер од британската асоцијација за Алцхајмерова болест.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *