НОЌТА ПОМЕЃУ САБОТА И НЕДЕЛА ЗАПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Нема да има промени во сметањето на времето, односно ноќта меѓу 28-ти и 29-ти октомври граѓаните во земјава повторно ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад.
Иако Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе унифицирано, тоа се уште не се случи.
 
Во Европа, вклучително и во Македонија, летното сметање на времето оваа година завршува на 29 октомври, што значи дека ноќта помеѓу 28 и 29 октомври во 3 часот по полноќ ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад, односно во 2 часот утрото.
Се уште не се знае кога ЕУ конечно ќе го укине поместувањето на часовникот, но во Хрватска, на пример, која е членка на Унијата, до крајот на 2026 година е на сила регулативата за летно и зимско сметање на времето.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *